ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА

Географска положба (опис, локација, соседни општини)
Општина Крива Паланка според географската диспозиција е сместена во североисточниот дел на Р.Македонија, простирајќи се на надморска височина од 450м до 2.252м, (врвот Руен на Осоговските Планини). Општина Крива Паланка зафаќа појас на две гранични линии. На север граничи со Република Србија, а на североисток со Р.Бугарија. Низ неа со векови минувал значајниот патен правец кој го поврзува јужниот дел на Балканскиот Полуостров со Мала Азија, денес означен како кооридор Е-8.
Општина Крива Паланка зафаќа површина од 481 км2. Градското урбано подрачје е распострането на двата брега на Крива Река, и  зафаќа вкупна површина од  околу 330 хектари (Десен Брег-120 ха и Лев Брег-210 ха).
Крива Паланка претставува административен, економски и културен центар на општината. По својата положба, антропогеографски карактеристики, културно-историски развој и значење, тоа е град кој оставил забележливи траги во македонската историја и пошироко.
Општина Крива Паланка има 34 населени места и тоа: Б'с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, ГолемаЦрцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Крива Паланка, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, ПодржиКоњ, Станци, Тлминци, Трново и Узем. Собраќајно, Крива Паланка е поврзана на југозапад преку модерен пат со Куманово(64км) и со главниот град на Р.Македонија, Скопје(99км). На југ преку правецот ^атал, таа е поврзана со Кратово(45км), а кон североисток преку Деве Баир со Ќустендил (37км) во Р.Бугарија.
Соседни општини: Ранковце, Кратово, Кочани, Македонска Каменица
Крива Паланка во минатото позната како Егри Дере е основана за време на владеењето на турскиот везир Бајрам Паша. Како населба со околу 800 домаќинства се споменува уште во 1661 година. Градот претставувал типична турска касаба во која со векови се вкрстувале караваните кои доаѓале од Скопје, Солун, Дубровник и други трговски градови во регионот или пошироко. Овој коридор го минувале многу познати војсководци - војската на македонскиот цар Самуил, српските војски на Стефан Дечански, турската војска на султанот Мурат и на пат кон Косово Поле и на освојувачот Мехмед и на неговиот пат кон Босна.
Кон крајот на 19 век Крива Паланка имала 4.352 жители, 250 трговци и занаетчии. Поголем индустриски и културен и административен подем градот доживува по втората светска војна. И денес во општината се зачувани голем број споменици од историското и културното минато на општината. Тоа се локалитети погодни за развој на манастирски, планински, риболовен и други алтернативни видови на селективен  туризам.
Во непосредна близина на градот се наоѓа еден од најимпозантните сакрални објекти во Република Македонија - Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски.

Структура на населението според пописот 2002 год:


Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Бошњаци

Останати

Вкупно

19998

/

2

668

3

103

2

44

20820

 

Климатски карактеристики

Општина Крива Паланка има умерено-континентална клима со умерено ладна зима ,умерено топло лето,свежа пролет и релативно топла есен, што се должи на географската диспозициј и на извесни влијанија кои навлегуваат од Егејот преку Крива Река. Високите делови на Осоговијата се под влијание на степска клима.
Просечна годишна температура на воздухот изнесува 10,20С , најтопол месец е јули, со просечна температура од 200С, додека најстуден месец е јануари, со просечна вредност од -0,30С. Просечно годишно температурно колебање изнесува 20,30 С.
Во споредба со областите што ја опкружуваат , Кривопаланечката област добива значителни врнежи. Ова се должи на апсолутно големата висина која претставува природен кондензатор за водена пареа, што ја носат западните и јужните ветрови.
Просечниот датум на првиот снежен покривач во оваа област е 30 ноември.

 

4. Природни богатства:
4.1. Вегетација:
Обемот и структурата на шумите во Општина Крива Паланка претставува еден од позначајните природни потенцијали. Најзастапена е буковата шума која се протега на повшините од 700 до 1200 метри надморска височина , а има и дабова и иглолисна шума.  
Развојот на земјоделието во Општината е во тесна врска со обработливите површини на земјоделското земјиште.
Кривопаланечкиот регион во државата е познат како еколошки чист и согласно тоа храната произведена во овој регион е барана на пазарот ширум државата.
Општина Крива Паланка е богата со најразновидни лековити билки и шумски плодови. Како поатрактивни ги вбројуваме боровинката, капината, малината, шипка и др. Во шумски плодови ги вбројуваме и дивите печурки како што се вргањот, лисичарката, јајчарката и срндачот. Растенијата кои се користат во фармацевтската индустрија се исто така во голем број како што се кантарионот, мајчината душичка и многу други лековити билки.
За профитабилно искористување на богатиот фонд на шумски плодови и растенија е потребно инвестициони вложувања во производствено- преработувачки капацитети.

4.2. Метални и неметални суровини
Осоговскиот планински масив е во редот на позначајните рударски области во Република Македонија. На територијата на Крива Паланка се наоѓаат повеќе рудни наоѓалишта на метали (олово, цинк, антимон, бакар, сребро и др.) како и на неметали (бентонитски глини, туфови, кварц, дијатомејска земја, песочни наноси идр.) Металните рудни наоѓалишта се лоцирани претежно во Осоговскиот планински масив поточно во рамките на металогенетската зона Бесна Кобила - Осогово-Тасос.
Како најголемо рудно лежиште на оловно-цинкови резерви е Тораничката област. Рудникот Тораница е богато гелошко наоѓалиште чии рудни резерви на олово, цинк, бакар и сребро се проценети на 50 години нормална експолоатација. Ова богато лежиште на оловно-цинкова руда е одалечено на 18 км од Крива Паланка.
Исто така треба да се спомене и рудното лежиште Самар кое се наоѓа во близина на самото тромеѓето. Лежиштето Самар е делумно истражено, но истрагите покажуваат покрај содржините на олово-цинкови минерали, покажуваат исто така голем процент на благородни метали т.е на злато и на сребро.  Во овој дел треба да се спомене и затворениот рудник на антимон и киселгур Крстов Дол, кој е затворен поради не доволно истраженост на самото лежиште, кое се наоѓа близу до горе споменатото лежиште Самар.

4.3. Водни потенцијали
Осоговијата е богата со извори, потоци и реки. Водниот потенцијал се должи на релативно високта надморска височина на која се наоѓа општината и гелошкиот состав на земјиштето. Регионот изобилува со бројни реки и мали сливови кои припаѓаат на Крива Река и Дурачка Река. На подрачјето на општината се изградени две акумулации: Базјачко Брдо со капацитет од 14.100 м3 вода и акумулацијата Влашки Колиби на локалитетот Калин Камен со капацитет од 6.200 м3 вода. Постојат можности за изградба/инвестициони вложувања во акумулации на повеќе локалитети:

    • Брана на Станечка река за вода за пиење и за други потреби;
    • Брана на Моштеничка река (место Просеченик);
    • Брана на Тораничка река;
    • Брана на Дубровничка река;
    • Изградба на рибници;
    • Развој на спортски риболов;
    • Изградба на мини хидроцентрали;